Достапни линкови

logo-print

Русија бара меѓународно признавање на Абхазија и Јужна Осетија


Русија побара од другите земји да го следат нејзиниот пример и да ја признаат независноста на Абхазија и на Јужна Осетија. Во соопштението од руското министерство за надворешни работи се вели дека признавањето е неопходно за меѓународните набљудувачи да се вратат во грузиските сепаратистички региони.
Претходно, долгорочната набљудувачка мисија на Обединетите нации и на ОБСЕ беа принудени да заминат од двата региони, откако Русија не им го продолжи мандатот.
Освен Русија единствено Никарагва ги признава овие две држави.
XS
SM
MD
LG