Достапни линкови

Македонија ќе треба да почека за излез од кризата


Скопје

Скопје

Граѓаните се подготвуваат за есента, резервирана за зимници, подготовка за училиште и други давачки... Велат дека тешко ќе преживеат, бидејќи платите не стигнуваат. Оптимизам за сега нема ниту од експертите, кои велат дека Македонија ќе треба да почека за излез од економската криза.

По летото кога граѓаните редовно своите заштеди ги трошат на годишните одмори доаѓа есента. По традиција овој период е резервиран за зимниците и ред други давачки, кои го празнат семејниот буџет. Според економистите земјава и наредните месеци ќе биде во криза, иако во светот започува да владее оптимизам дека таа полека се опоравува и дека за брзо време ќе стане минато. Повеќето од граѓаните кај нас велат дека следниот период ќе биде тежок, но ќе преживеаат, како што некако успевале и досега. Има и такви кои се надеваат дека откако ќе помине кризата во светот животот во земјава ќе се подобри.

„Катасторафа, ќе нема за ништо. Платите се толку мали што нема за ништо, се надевам ќе преживееме.“

„Зимници и други работи треба да се стават, а пари се нема. Многу тешко.“
Катасторафа, ќе нема за ништо. Платите се толку мали што нема за ништо, се надевам ќе преживееме


„Да се надеваме дека ќе оди на подобро, напори треба да се чинат, луѓето се незадоволни меѓутоа ситуацијата е во цел свет така и неможе да не влијае и кај нас.“

Домашната економија треба да ја проценуваме според светската, бидејќи Македонија е свртена кон странските пазари вели економистот Мирољуб Шокаров. Таму веќе почнува економијата да заздравува, но ние ќе треба да почекаме некое време тие ефекти да се осетат и кај нас.

„Нема елементи за да може да се каже дека во Македонија работите се движат, рецесијата сеуште не стивнува. Можеме да очекуваме и
Нема елементи за да може да се каже дека во Македонија работите се движат, рецесијата сеуште не стивнува
во наредниот квартал дека состојбите нема да бидат онакви какви што очекуваме да бидат, но во секој случај оптимизмот почнува на некој начин да се раѓа и да можеме да бидеме на некој начин во некакви очекувања дека ќе биде нешто подобро во наредните неколку месеци.“

Иако некои аналитичари од земјава велат дека нашата економијата полека покажува знаци на опоравување Шокаров вели дека граѓаните треба да очекуваат ситуацијата во земјава да се стабилизира во вториот квартал, наредната година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG