Достапни линкови

Поранешен функционер се соочува со смртна казна во Иран


Неколкумина познати реформисти, денеска, ќе бидат изведени на суд во Иран, поради обвиненија поврзани со постизборните протести во таа земја. Повеќето од обвинетите се поранешни функционери, од време на претседателствувањето на Мохамад Катами од 1997 до 2005 година.
Меѓу обвинетите е и поранешниот заменик министер за разузнавање Саед Хаџаријан. Тој се товари за дела против националната безбедност, за што може да добие и смртна казна.
Обвинителот за него побарал највисока казна, пренесува државната иранска новинска агенција ИРНА.
Хаџаријан пред судот се извинил за „големите грешки“ што ги направил за време на изборите.
XS
SM
MD
LG