Достапни линкови

Ќе ги реши ли новиот Закон проблемите со администрацијата?


Зградата на Собранието на РМ

Зградата на Собранието на РМ

За власта новиот Закон за државни службеници ќе придонесе за создавање на професионална администрација, додека опозицијата не верува дека Законот ќе го подигне квалитетот во јавниот сектор, бидејќи според нив законските решенија имаат низа пропусти.

Власта и опозицијата со спротиставени мислења за Законот за државни службеници. Додека од владеачката коалиција велат дека со новата верзија на Законот ќе се намалат партиските вработувања, од опозицијата тврдат дека новиот Закон не нуди соодветни решенија за јавната администрација. Пратеникот Рафиз Алити од владеачката коалиција ги издвојува партиските вработувања како еден од најгорливите проблеми во јавната администрација:

„Конкретно за овој закон, опозицијата не дала конкретни забелешки што треба да се прави за да не дојде до партизација.“
Неможете вие да нудите со кое можете една негувателка од градинка или медицинска сестра, утре да ја ставите за државен секретар


Алити смета дека со измените во Законот за државните службеници ќе се реши проблемот со партиските вработувања.

„Се надеваме дека со новиот закон, со овие измени ќе се создадат услови што помалку политиката да биде присутна во вработувањата.“

Од опозициската СДСМ пак, посочуваат на неколку пропусти во Законот. Прв проблем според пратеникот Андреј Петров е вработувањето на раководни државни службеници.

„Неможете вие да нудите со кое можете една негувателка од градинка или медицинска сестра, утре да ја ставите за државен секретар, значи хипотетички со овој закон, и тоа да тврдите дека е унапредување на состојбата во законот за државни службеници и подобрување на квалитетот на администрацијата.“

Петров додава дека со измените во законот дополнително се проблематизира и улогата на Агенцијата за државни службеници:
Конкретно за овој закон, опозицијата не дала конкретни забелешки што треба да се прави за да не дојде до партизацијa


„Значи во досегашното законско решение, Агенцијата за државни службеници, еден член се однесува на сите дисциплински постапки што се водат против државни службеници, сега со бришењето на таа одредба всушност се остава можност сите оние институции, органи, министерства, локални службеници без влијанието на Агенција за дражавни службеници, да направат чистка во администрацијата под различни мотиви.“

Пратеникот Роза Топузова Каревска од ЛДП вели дека во Законот недостигаат построги критериуми за вработување во администрацијата:

„И еден од проблемите е тоа што државните секретари не само што имаат дискрециони права, туку остануваат заштитени и по завршувањето на мандатот. Имено и по завршувањето на нивниот според законот петгодишен мандат, тие ќе бидат прераспределени и понатаму во администрацијата, без разлика од каде дошл и тоа на раководно работно место.“

XS
SM
MD
LG