Достапни линкови

Директорот на ФЗОМ Тренковски поднесол оставка


Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Ѓорѓи Тренковски поднесол оставка на функцијата. За оставката, како што наведуваат во Фондот, било расправано на синоќешната седница на владата на која се разгледувал и проблемот со одлуката за проширување на позитивната листа на лекови. Министерот за здравство Бујар Османи вчера изјави дека е непријатно изненаден од одлуката на Фондот да ја повлече својата претходна одлука за проширување на позитивната листа за која тој даде согласност и најави дека конечниот збор за тоа ќе го каже Владата.
XS
SM
MD
LG