Достапни линкови

Премиерот Груевски во посета на Канада


Владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, на покана од канадскиот премиер Стивен Харпер, од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Канада. Покрај средбата со својот домаќин Харпер, предвидено е премиерот Груевски да се сретне и со други претставници од државниот врв на Канада. За време на посетата, како што соопшти владината прес-служба, ќе стане збор за напорите што ги прави Македонија во евроатлантските интегративни процеси, а ќе бидат разменети мислења и за можностите за унапредување на севкупните односи меѓу двете земји, при што посебен акцент ќе се стави на зајакнување на соработката во економијата, трговската размена, културата, како и во привлекувањето канадски инвестиции во Македонија. Премиерот Груевски ќе го посети и Торонто, каде што се предвидени средби со претставници на македонска заедница, како и со канадски бизнисмени. Во состав на делегацијата е и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG