Достапни линкови

Словенија не дозволува влез во Италија за македонските печалбари?


Граничен премин во Словенија
Граничен премин во Словенија

Република Словенија не дозволува преку нејзина територија македонските печалбари да се вратат во Италија, каде работат, доколку имаат само привремени документи за престој од италијанските власти, велат македонците кои повеќе години работат во Италија.

Република Словенија не дозволува печалбарите од Република Македонија кои работат во Италија да се вратат во оваа земја со привремениот документ Рицивуто, поради што над 700 Печалбари од Дебар, Жупа и Река пристигнаа со овој документ, бидејќи се во очекување на редовниот документ Сонџорно, и заедно со другите бараат влез на Италија, преку други држави најчесто преку Хрватска и Албанија по морски пат. Денеска наутро преку една од Дебарските туристички агенции тргнаа со автобуси на тристотини печалбари, но за нив има многу непознати работи.

,,Словенија не ни дозволи влез во Италија, бидејки како што слушнав има некои нови закони. Јас имав сонџорно, истече рокот и сега имам Рицивуто и сум во очекување на постојниот документ. Словенците не казнија по 200 евра кога доагавме за Македонија со овој документ.,,

,,Јас сум во Италија шест години и сега патував со Рецивуто бидејќи ми истече рокот од сонџорното и предходно сум имал патувања со Рицивуто но не сум имал проблеми.,,
Словенија не ни дозволи влез во Италија, бидејки како што слушнав има некои нови закони


,,Пет години сум во Италија, имав сонџорно, но сега со оглед дека барам да ми се продолжи патував со привремениот документ. Италјанските власти ми рекоа дека слободно може да се патуна со Рицивуто, но еве се јавија проблеми,,.

Претставниците на туристичките агенции истакнуваат дека проблемот е во Словенија и тврдат дека сепак печалбарите ќе влезат во Италија преку други држави.

,,Минатата година организиравме превоз и со Рецивуто, но проблеми немаше,,

вели претставник на една од Дебарските туристички агенции. Според оваа Агенција, Словенија не дозволува да се патува на дел на патници при доагањето за Македонија наплатуваше и казни по 200 евра. Печалбарите тврдат дека имале согласност од италјанските власти да патуваат со овој привремен документ и воедно бараат од Македонската до направи напори да го реши проблемот во контакти со Италија и Словенија. Еден од печалбарите вели дека владата треба да реагира бидејки неможе за некој трети земји да пати целиот народ.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG