Достапни линкови

Дневните Центри неопходни за лицата со ментална попреченост


Куманово

Куманово

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ,,Порака„ од Куманово ги надмина тешките времиња, кога мораше да ја докажува својата важност во помошта на овие лица. Со зголемувањето на свеста кај граѓаните, донациите се се поголеми, со што Дневниот Центар полесно функционира.

Тешкиот период за профункционирање на Дневниот центар„Порака“ за лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст се чини полека заминува. По упорна и макотрпна работа и одење од врата на врата на неколкумина родители на овие лица помошта првин беше од локалната самоуправа, а последнава година со подигањето на свеста кај граѓаните почнале да пристигнуваат и донации. Овој Дневен центар за лицата со интелектуална попреченост е многу важен за нивната социјализација, но и со помош на стручниот тим за нивно оспособување колку-толку самите да си ги извршуваат неопходните потреби, сметаат родителите. Во Центарот капацитетот е 20-ина лица, кој за сега е пополнет,а стручњаците се задоволни од реализираните проекти, но и од надминатите предрасуди на
Активностите продолжуваат, како практични, така и когнитивни. Имаме и социјални активности
граѓаните кон овие лица.

„Дневниот центар „Порака“- Куманово и во летниот период продолжи со работа,освен што бројот на корисниците беше редуциран. Самите родители во времето на годишните одмори си ги повлекуваа децата, но полека тие се враќаат.“

„Бројот на корисниците е зголемен. Сега изнесува 21, што ги исполнува условите на овој центар. Капацитетот е пополнет и бројот повеќе не може да се зголемува.“

„Активностите продолжуваат, како практични, така и когнитивни. Имаме и социјални активности.“

Корисниците од Центарот во нивните програми имаат и еднодневи излети. Тие ја посетиле Крива Паланка, кумановскиот спортски аеродром Аџитепе, а следната дестинација е аеродромот Александар Велики.За реализирање на сите проекти и за непречено
Скоро сите потреби неопходни за функционирање на Центарот ги задоволуваме преку донации
функционирање на Центарот овозможуваат донатори.

„Не радува фактот што кај граѓаните на Куманово, па и на Македонија свеста се зголеми. Донации имаме во прехранбени продукти. Скоро сите потреби неопходни за функционирање на Центарот ги задоволуваме преку донации. Добиваме и хигиенски средства од поголеми и од помали претпријатија од Куманово, но и од цела Македонија.“

Со донациите просторот во Центарот ќе биде преуреден, што за овие лица ќе биде уште попријатно катче во кое ги поминуваат неколкуте часови пет дена од седмицата.
Според родителите Дневниот центар за овие лица е нивниот единствен и најубав свет, оти за поубав тие не знаат. Затоа и со нетрпение ги поминуваат викендите дома.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG