Достапни линкови

200 луѓе на суд поради минатомесечните немири во Кина


Повеќе од 200 луѓе ќе бидат изведени на суд во Кина, оваа недела. Тие се обвинети за вмешаност во минатомесечните насилни протести во кинеската провинција Ксинџијанг. Според весникот Чајна дејли, судењето ќе се одвива во главниот град на провинцијата Ксинџијанг, Урумачи, каде што се случија насилствата.
Во судирите меѓу Ујгурите и Хан Кинезите, минатиот месец, загинаа 197 луѓе.
Вооружени полициски сили веќе почнаа да патролираат околу судот, поради страв дека процесот може да допринесе до обнова на насилствата.
XS
SM
MD
LG