Достапни линкови

Грција: Помина непосредната опасност од пожарот


Непосредната опасност за атинските преградија помина, соопштува портпаролот на грчката влада.
Пожарникарите трет ден се борат со големиот пожар во близина на грчкиот главен град. Ширум Грција беснеат уште шест големи пожари, како тие на островите Евиа, Скирос и Закинтос.
Поради пожарите што избија во петокот, беа евакуирани околу 10 илјади луѓе, но нема повредени. Изгореа околу 15 илјади хектари шума, а огнот ги уништи домовите и викендниците на многу луѓе.
XS
SM
MD
LG