Достапни линкови

logo-print

Политиката да не се меша во спортот


Инцидентот меѓу Комитите и жителите на Нерези

Инцидентот меѓу Комитите и жителите на Нерези

Спортот е место во кое нема простор за политиката, иако таа треба непосредно да го помага неговиот развој, вели стручната јавност. Тие предлагаат работење со навивачките клубови во смисла насочување на нивната енергија во позитивни цели.

По тепачката помеѓу навивачката група Комити и месното население во Нерези Експертите велат не смее спортот да се користи во политички цели и да зазима партиски бои. Спортот е место во кое нема простор за политиката, иако таа треба непосредно да го помага неговиот развој. Навивачите преку своите песни на натпреварите го пренесуваат она што се одигрува на јавната политичко, социјална сцена вели социологот Илија Ацевски.

„Она што се случува во Парламентот, она што се случува на јавната сцена, политичко-социјална, навивачите тоа го пренесуваат на Стадионот и околу него и го прават да биде на таков начин достапен до јавноста. Односно она што го мислат политичарите и други структури, навивачите го демонстрираат на едноставно прост начин.“
Целата политика треба да се постави на тој начин што, спортот да го третира како една свера која што е сама за себе, општествено потребна, но сегмент во кој политиката не треба да се меша, иако политиката треба да го помага спортот


За да се смират страстите и тернзиите помеѓу навивачките групи и воопшто граѓаните клубовите треба да бидат само спортски ориентирани. Додека пак медиумите во јавноста да презентираат пораки за неговото значење, а политичарите се тие кои треба спортот да не го мешаат со политиката, вели политикологот Хисен Рамадани.

„Целата политика треба да се постави на тој начин што, спортот да го третира како една свера која што е сама за себе, општествено потребна, но сегмент во кој политиката не треба да се меша, иако политиката треба да го помага спортот.“

Ацевски вели дека водачите се тие кои треба на своите навивачките групи да им пренесуваат позитивни мисли, кои ќе се пренесат во нивните слогани и песни.

„Водачите, оние кои што значат нешто во тие групи ги водат во некоја насока. Да се работи со тие групи, во смисла нивната енергија да се насочува кон позитивни цели, односно кон позитивен израз, за да не дојде до израз некои националистички, вулгарности, навреди, што е карактеристика на една група која не е контролирана.“

Поради минатонеделните инциденти беа одложени два натпревари од домашната фудбалска лига, бидејќи беа оценети како ризични. На навивачите им е забрането, да го бодрат својот клуб на гостински терен. По тој повод Комитите вчера излегоа на мирен протест на кој беа присутни и други навивачки групи од земјава.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG