Достапни линкови

Се подготвува ребаланс на буџетот


Пари и кредитни картички

Пари и кредитни картички

Економските експерти велат дека залудно Владата подготвува ребаланс на буџетот, доколку во него не предвиди итно кратење на непродуктивните трошоци. Опозицијата пак смета дека ребалансот до одредена мера ќе придонесе за подобрување на економската состојба во земјата, но оти таа не зависи само од буџетот.

Со новиот ребаланс на буџетот кој пред пратениците ќе се најде во септември, треба да се кратат непродуктивните трошоци, оценуваат пратениците и експертите. Министерството за финансии подготвува ребаланс на буџетот кој деновите треба да се најде пред Владата. Ребаланс ќе има и покрај тоа што Министерот за финансии, Зоран Ставревски по доаѓањето на функцијата пред помалку од два месеци рече дека ребалансот немора итно да се донесе. Неговиот претходник Трајко Славевски пред заминувањето рече дека ребалансот мора да биде итен и да изнесува 100 милиони евра. Премерот Никола Груевски, пак неодамна изјави дека економската состојба се подобрува и посолидно се прибираат приливи во буџетот. Се уште не се знае колку и на што Владата ќе крати, но од опозицијата велат дека буџетот треба да биде рестриктивен кај непродуктивните трошоци.
Да не се случи како минатата година да потрошат 10 милиони евра само за реклами. Значи тие трошоци мора да се смалат


„Да не се случи како минатата година да потрошат 10 милиони евра само за реклами. Значи тие трошоци мора да се смалат, а во капиталните инвестиции да додат некој развоен проект, некој енергетски објект, автопат, железница.“

објаснува Марјанчо Николов, од СДСМ. Тој вели дека економската состјба не зависи само од буџетот, туку се потребни поцелосни анализи. Дека треба да се крати на тие дејности кои се непродуктивни, се сложуваат и дел од експертите.

„Неколку пати имаше опомени од страна на ММФ и другите институции во врска со нашите трошења во непродуктивни дејности.“

Вели професорот Петрит Положани. Во последниот извештајот на Народна Банка пишува дека претпријатијата ги повлекуваат своите заштеди од банките и се повеќе се задолжуваат. Од бизнис заедницата велат дека ребалансот на буџетот е добра работа затошто на тој начин трошењето ќе се намали, за да може Народната банка да ја либерализира рестриктивната монетарна политика која најмногу ги
Неколку пати имаше опомени од страна на ММФ и другите институции во врска со нашите трошења во непродуктивни дејности
погодува малите и средни претпријатија.

„Пари нема, јас очекувам летниот период да биде малку подобра состојбата. Имаше многу повратници од странство, влезе пара во земјата, но сепак есенва ќе видиме, уште е неизвесно. Главните странски партнери на Македонија излегуваат од рецесијата, значи и тоа е позитивен сигнал, но сепак да не бидеме преголеми оптимисти, но има оптимистички сигнали.“

Рече Мирче Чекречи од Сојузот на стопански комори на Македонија. Експертите предупредуваат дека треба да се внимава на кратењето, затоа што излезот на кризата е можен само ако се зголеми потрошувачката кај граѓаните, која е намалена.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG