Достапни линкови

Законот за државни службеници во Собранието


Законот за државни службеници влегува во собраниска процедура. Експертите порачуваат дека донесувањето на законот е само еден сегмент, додека постои потреба од реформи во целокупниот јавен сектор.

Нов систем на работни места во државната служба, систем на кариера каде партиските влијанија ќе бидат одбегнати, вработувања и унапредување на државните службеници по заслуга, јасна поделба на функциите на политичко ниво од функциите на државните службеници. Од Европската Комисија бараат овие забелешки да бидат вметнати во новиот изменет закон за државни службеници. Ваквиот закон под закрила има 10 проценти или околу 13 илјади вработени во целокупниот јавен сектор. Експертите сметаат дека се потребни и дополнителни реформи и закон кој ќе заштитува повеќе од 120 илјади вработени во јавната администација.

„Ова е само еден сегмент. Ние треба да почнеме со реформа на целокупниот јавен сектор, тоа е основно кај нас. Партизацијата е само еден сегмент од реформата, треба се да се преиспита во јавната администрација, но за жал кај нас од 91-та година до сега, никој
Ова е само еден сегмент. Ние треба да почнеме со реформа на целокупниот јавен сектор, тоа е основно кај нас. Партизацијата е само еден сегмент од реформата
сериозно не се нафатил со реформа.“

Вели професорот Борче Давитковски.
Во минатогодишниот извештај од Европската Комисија се потенцитра недостаток на транспарентноста во вработувањето.

„Недостаток на транспарентност и одговорност во одлуките на одделните органи, а на Агенцијата за државни службеници и недостасуваат механизми за обезбедување на законитост и регуларност на тие одлуки. Уште повеќе, одговорните работни места често се пополнуваат со надворешни лица без почитување на професионалните квалификации и искуства.“

Вели Георги Христов од Македонскиот Центар за европско образование. Министерот за правда, Михајло Маневски вели дека новиот изменет Закон за државни службеници ќе донесе ефикасна служба ослободена од политичко влијание. Политичките партии се
Догодина во извештајот повторно ќе ја имаме истата забелешка, партизирана администрација
сомневаат во ваквиот исход. Експертите претпоставуваат дека и догодина ќе имаме проблем со администрацијата како бенчмарк.

„Догодина во извештајот повторно ќе ја имаме истата забелешка, партизирана администрација и не случајно имаме јавна администрација која неможе ниту обични формулари да пополни за да аплицираме за европски фондови итн. Повторно ќе се сведе на она што и претходно беше, а тоа не е интенцијата, интенцијата е да се има навистина квалитетни луѓе.“

Вели Давитковски.
Експертите не очекуваат да има политички препукувања на собрансиката седница и велат дека во еден ден ќе биде и расправата и и донесувањето на законот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG