Достапни линкови

logo-print

Израелскиот премиер на европска турнеа


Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја започнува европската турнеа на која се очекува да доминираат барањата за запирање на изградбата на населби на окупираните територии како клучно за израелско -палестинските мировни преговори. Нетанјаху најпрвин во Лондон ќе се состане со британскиот премиер Гордон Браун, како и со американскиот пратеник Џорџ Мичел, а потоа турнеата во среда ја продолжува со посета на Берлин. На дневен ред се очекува да биде иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG