Достапни линкови

Вонредна состојба во Атина поради шумските пожари


Илјадници луѓе ги напуштија своите домови во предградието на Атина, поради шумските пожари кои ги зафатија и нивните домови. Грчките власти веднаш повикаа населението да се евакуира. Во борбата со пожарите учествуваат и италијански хелихоптери и француски авиони. Своја помош најавија и Австрија и Кипар. Претставник на противпожарната служба соопшти дека 40 авиони и хеликоптери учествуваат во гаснењето на пожарите. Тој истакна дека речиси сите воздушни сили се испратени во Атина. Владата на Грција вчера поради ширењето на пожарите прогласи вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG