Достапни линкови

logo-print

Судири на иранската армија со курдски бунтовници


Најмалку 26 курдски бунтовници се убиени во Северозападен Иран, соопштуваат тамошните власти. Командантот на иранската елитна единица изјавил дека курдите се убиени во текот на операцијата за чистење на провинциите Азербејџан и Курдистан од контрареволуционерните и терористички групи, како што се припадниците на Партијата за слободен живот во Курдистан. Припадниците на оваа партија се поврзани со работничката партија на Курдите која е активна во Турција. Тие се обвинети дека извршиле низа оружени напади во подрачја населени со Курди во северозападен Иран.
XS
SM
MD
LG