Достапни линкови

Дом за стари лица во Куманово


Куманово
Куманово

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово по уреденоста на просторот, односот на персоналот со штитениците и по организираноста на нивното време, е еден од подобрите во државата.

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово по уреденоста на просторот, односот на персоналот со штитениците и по организираноста на нивното време, еден е од подобрите во земјава. Капацитетот е предвиден за 160 лица,а нив ги има од Куманово и од околината,но и од Скопје, како и од останатите делови од земјава. Штитениците кои со години живеат во домот не го кријат задоволството од престојот. Тие другаруваат меѓусебе, си ги раскажуваат сеќавањата од минатото, а не им недостасува ниту внимание од стручните екипи.

„Штом немам каде-задоволна сум.“
Некогаш не носат по манастирите. Јадење, пиење, секогаш е добро


„Можам да кажам дека директорката, сестрите, социјалката, негователките, сите се добри.“

За разубавување и за разбивање на монотонијата и едноличноста на деновите во домот често пати штитениците одат на еднодневни излети.

„Некогаш не носат по манастирите. Јадење, пиење, секогаш е добро.“

Подготвувањето на трите оброци е усогласено со критериумите воспоставени од лекарите.
Во кумановскиот Дом за стари лица функционира и геријатриско одделение во кое особено внимание им се посветува на тешко болните и неподвижните лица, вели директорката Мирјана Атанасовска.

„Минатата година имавме недостиг од сместувачки капацитет. Едниот од павиљоните го преуредивме и го опремивме за Геријатриско одделение, бидејќи имавме потреба за сместување на неподвижни лица. Минатата година тоа го реализиравме.“
Општа нега, здравствена заштита со набавување на лекарствата и 24 часовна лекарска нега


Атанасовска додава дека заинтересираноста за кумановскиот Дом за стари лица е голема,така само од Скопје моментно има 25 лица.Во Домот за штитениците е обезбедена:

„Општа нега, здравствена заштита со набавување на лекарствата и 24 часовна лекарска нега.“

Цената за целомесечен престој е 9 илјади и 600 денари.
Она по што овој дом се разликува од повеќето институции од ваков вид во државава,е тоа што за штитениците често се организираат театарски претстави, посети и програми подготвувани од децата од Детската градинка „Ангел Шајче“, од основците и средношколците,но и од невладините активисти. На крајот од летото штитениците се подготвуваат да го посетат Крушево.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG