Достапни линкови

Артефактите од Мариово на ,,мета“ на дивите копачи


Мариово
Мариово

Диви копачи го нападнаа Мариовскиот регион во потрага по вредни артефакти кои потоа ги на црно ги продаваат на странските пазари, тврдат експертите. Археолозите се жалат дека на овој начин се крадат сегменти од македонската историја.

Диви копачи го нападнаа Мариовскиот регион во потрага по стари монети и други вредни артефакти кои потоа ги изнесуваат од државата и на црно ги продаваат на странските пазари, тврдат експерти. Посебно се трага по монети од античко врем , за кои неофицијално се дознава дека Грци нудат голема откупна цена. Ваков случај неодамна регистрираше и битолската полиција.

„Секторот за внатрешни работи од Битола до основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 48 годишниот битолчанец со иницијали Д.Р. заради присвојување на добра под привремена заштита, културно населедство и други реткости. Извршен
Секторот за внатрешни работи од Битола до основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 48 годишниот битолчанец со иницијали Д.Р. заради присвојување на добра под привремена заштита
е претрес во домот на пријавениот, при што е констатирано дека чувал 8 бронзени монети од кои 5 што припаѓаат на македонскиот период од времето на владетелите Аминта и Филип Втори, со датација од 5 до 2 век пред нашата ера.“

изјави портпаролот на битолската полиција, Ѓоко Стрезовски.
Експертите велат дека Мариово е археолошка ризница, но досега систематски неистражена. Од повеќе лолаитети, досега е направена само локализација на наоѓалиштето кај Чебрен.

„Мариовскиот дел е ризница, но секогаш има приоритети и буквално од материјален аспект невозможно е целата држава да се прекопува истовремено. Нема ни стручни лица толку многу за да можат да се распределат на сите страни. Има долгорочна стратегија бидејќи со хидроцентралата Чебрен која за неколку години ќе почни да се гради ќе мора тој дел да се истражи целосно.“

нагласува директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски.
Агресивноста е голема. Се што можеле да соберат собрале, а нас ни ја оставиле само ќерамиката, додека не најдат некој детектор за ќерамика, па и неа да ја извадат

Археолозите се жалат дека на овој начин се крадат сегменти од македонската историја.

„Многу се значајни зашто покажува она што не се сочувало на хартија, се сочувало во материјална култура. Агресивноста е голема. Се што можеле да соберат собрале, а нас ни ја оставиле само ќерамиката, додека не најдат некој детектор за ќерамика, па и неа да ја извадат.“

вели археологот Гордана Лазаровска Филиповска.
Посебнен проблем преставуваат детекторите за метал со кои незаконски располагаат дивите копачи. Дозвола за набавка и употреба на вакви направи добиваат само установите задолжени за заштита на историското наследство, што значи апаратите ги набавуваат на црно.

„Државата, тоа е проблемот. Лицата фатени со таков апарат треба да ги третира како да се фатени со оружје и казните да бидат големи.“

вели архитектот Зоран Алтипармаков од битолскиот Завод и музеј.
Досега никој не паднал затвор заради диво копачење на локалитетите во Мариово. Не се знае колку вредни артефакти биле изнесени и каде завршиле.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG