Достапни линкови

Усеин Болт доби на подарок дел од Берлинскиот ѕид


Светскиот шампион на 100, 200 и во штафетата 4х100 метри, Јамајканецот Усеин Болт, денеска, на свечена церемонија, доби на подарок дел од Берлинскиот ѕид. Златата на 100 и на 200 метри на светското првенство во Берлин, Болт ги освои соборувајќи ги своите претходни светски рекорди во тие дисциплини.
Градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт рече дека парчето од ѕидот со големина од 4,3 квадратни метри и тежина од 2,7 тони, ќе биде испорачано на Јамајка во наредните три недели.

XS
SM
MD
LG