Достапни линкови

Намалената подршка за војната во Авганистан - загрижувачка


Началникот на здружената команда на американската армија Мајкл Мален, денеска, изрази загриженост поради, како што рече, опаѓањето на подршката на американската јавност за војната во Авганистан. Тој рече дека Авганистан, се уште, останува ранлив и оти може да падне во рацете на екстремистите.
Мален, сепак, не одговори дали ќе треба во Авганистан да се ангажираат уште американски војници.
Според анкетата што ја објавија весникот Вашингтон пост и телевизијата АБЦ, повеќе од половина од Американците сметаат дека не треба да војуваат во Авганистан.

XS
SM
MD
LG