Достапни линкови

Евакуација на 10 илјади луѓе од атинско предградие


Грчките власти наредија евакуација на сите 10 илјади жители на атинското предградие, кое е загрозено од големиот пожар кој веќе трет ден беснее во околината на грчкиот главен град. Предградието е оддалечено од Атина 23 километри. Во гаснењето на пожарот учествуваат 12 авиони, 9 хелихоптери и стотина пожарникари на земја. Грчките власти очекуваат во текот на денот, на помош да дојдат и два италијански и еден француски авион за гаснење пожари.
XS
SM
MD
LG