Достапни линкови

Заштитните бетонски препреки остануваат во Ирак


Ирак го прекина размонтирањето на бетонските ѕидови за заштита од експлозии во Багдад, по разурнувачките експлозии кои минатата недела однесоа околу 100 животи, соопштуваат властите.
Одлуката значи отстапување од планот на премиерот Нури Ал Малиќи, кој со отстранувањето на бетонските препреки сакаше да покаже дека безбедносната состојба во Ирак се подобрува.
Не се соопштува дали повторно ќе бидат подигнати и препреките што веќе се размонтирани.
XS
SM
MD
LG