Достапни линкови

logo-print

Италија и Франција ќе го гасат пожарот кај Атина


Грција побара помош од Италија и од Франција, за справување со големиот пожар во близина на Атина. Портпаролката на противпожарната служба соопшти дека два противпожарни авиони од Италија и еден од Франција, денеска, ќе пристигнат во Грција да помогнат во борбата против огнената стихија.
Околу 400 пожарникари се трудат да го запрат пожарот, кој се заканува да уништи многу селски куќи и викендници, во близина на грчкиот главен град.
XS
SM
MD
LG