Достапни линкови

Холбрук не е изненаден од обвинувањата за изборна измама во Авганистан


Специјалниот пратеник на САД во Авганистан, Ричард Холбрук рече дека наводите за изборна измама на претседателските избори во таа земја се очекувани.
Претходно, главниот противкандидат на актуелниот авганистански претседател Хамид Карзаи, Абдула Абдула обвини дека Карзаи, со помош на државните органи, ги мести изборите.
Холбрук вели дека, дури и во демократски земји како САД, има спорни избори, па затоа не би бил изненаден, ако се појават прашања за легитимноста на изборите.
Првичните резултати од изборите ќе бидат соопштени во вторник. Во меѓувреме, и Карзаи и Абдула соопштија дека се во водство.


XS
SM
MD
LG