Достапни линкови

Молдавските комунисти не сакаат коалиција со либералите


Молдавската комунистичка партија, денеска, ја отфрли можноста за формирање коалиција со нејзините либерални противници. Тие велат дека самите ќе формираат лево-центристичка коалиција.
Комунистите се на власт во Моладвија од 1991 година, но го изгубија парламентарното мнозинство на минатомесечните избори.
Тие, се уште, се најголема партија, но бројот на пратенички места им се намали на 48, во 101-члениот парламент.
Четирите опозициски партии, кои имаат вкупно 53 пратеници, формираа проевропска алијанса, во пресрет на конституирањето на новиот парламент, идната недела.

XS
SM
MD
LG