Достапни линкови

Русија апси опозициски активисти


Руската полиција, денеска, уапси деветмина опозициски активисти, кои учестуваа во марш во центарот на Москва. Портпаролот на московската полиција Анатолиј Ластоветски, за агенцијата Интерфакс, изјави дека маршот ги прекршил правилата. Учествувале повеќе луѓе од најавеното и се вееле две знамиња наместо едно, рече тој.
Маршот е организиран од антивладиното движење Солидарност, во кое членуваат опозициски фигури како поранешниот министер Борис Немцов и поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров. Во маршот учествувале околу 50 опозиционери, објави Интерфакс.

XS
SM
MD
LG