Достапни линкови

logo-print

Ирачките бомбаши биле помагани од безбедносните сили?


Луѓето што стојат зад овонеделните бомбашки напади на владини објекти во Ирак, можеби имале помош од ирачките безбедносни сили, оцени министерот за надворешни работи на Ирак, Хошијар Зебари. Тој изјави дека нападите биле толку добро испланирани и изведени, што не може да ја исклучи можната соработка со некој од внатре.
Зебари изрази жалење што безбедносните сили, претходно, ги отстраниле бетонските препреки од пред нападнатите владини објекти.
Неговата реакција доаѓа, откако во бомбашки напади во средата загинаа околу 100 луѓе, а повеќе од 500 беа повредени.

XS
SM
MD
LG