Достапни линкови

МНР: Изјавите на Јолевски се релевантни


Амбасадорот Зоран Јолевски е тој чии изјави се релевантни и ги искажуваат позициите на државата по однос на спорот за името со Грција, посочува Министерството за надворешни работи.
Тие укажуваат дека „одредени пораки, кои се објавуваат во некои грчки медиуми“ во врска со спорот за името, треба да се примаат и да се толкуваат со особена внимателност.
Не ретко се случува, некои грчки медиуми, смислено да пласираат одредени информации или шпекулации кои имаат за цел да го дефокусираат вниманието на јавноста или да ја девалвираат позицијата на една од страните во спорот, се наведува во укажувањето од МНР.
XS
SM
MD
LG