Достапни линкови

Американски суд ослободи осомничен телохранител на Бин Ладен


Американски суд го ослободи Јеменецот Мухамед Ал Адахи, поради недостиг од докази дека бил член на Ал Каеда или, пак, дека му бил телохранител на Осама Бин Ладен. Ал Адахи е во затворот за осомничени за тероризам во Гвантанамо, од 2002 година.
Судијката Глејдис Кеслер рече дека владата не претставила сигурни докази за задржување на Ал Адахи во затвор. Обвинителот се повикуваше на признанието на осомничениот терорист дека се сретнал со Бин Ладен во Авганистан пред нападите од 11 септември и дека поминал обука во тренинг камп на Ал Каеда.

XS
SM
MD
LG