Достапни линкови

Мајкрософт, Јаху и Амазон во коалиција против Гугл


Најголемите компјутерски и интернет компании Мајкрософт, Јаху и Амазон формираат коалиција против Гугл, кој планира да дигитализира милиони книги и да ги продава преку интернет.
Претходно, Гугл склучи договор со авторите и издавачите според кој компанијата ќе ги добие аворските права за дигитализација на милиони книги.
Коалицијата на Мајкрософт, Јаху и Амазон ќе се обиде да ги убеди американските власти дека договорот на Гугл со авторите и издавачите, може да ја уништи конкуренцијата, во пазарот на електронски книги. Американските власти ја испитуваат законитоста на договорот.

XS
SM
MD
LG