Достапни линкови

logo-print

Британија: Ослободувањето на бомбашот од Локерби не е трговија


Британската влада ги отфрла наводите за договор со Либија, при ослободувањето на бомбашот од Локерби, Либиецот Абделбасет Али Ал Меграхи.
Претходно, синот на либискиот претседател Моамер Гадафи, Шеиф Ал Ислам, во интервју за либиска телевизија, рече дека ослободувањето на Ал Меграхи е поврзано со британската заинтересираност за резервите на нафта и на гас во Либија.
Шкотската влада го ослободи Ал Меграхи од затвор поради милосрдие. Тој е смртно болен од рак, и шкотските власти го пуштија да умре дома.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека тоа што илјадници луѓе го дочекаа Ал Мегхри како херој во Триполи е многу навредливо за оние кои ги загубија саканите во терористичкиот напад врз американскиот авион Пан Ам над шкотскиот град Локерби во 1988 година.

XS
SM
MD
LG