Достапни линкови

Без вложување, нема туризам


Преспанско Езеро
Преспанско Езеро

Македонија има големи потенцијали за да развие повеќе видови на туризам, велат експертите. Но, без вложување и инвестирање зад кое би застанала државата, не може да се очекуваат големи резултати

Од лева страна -песочна плажа, езеро, коктели на лежалка и забавна музика од барот. Од десната страна- Галичица, планинарење и велосипедизам, традиција, зелник направен под вршник, ски лифтови и манастири. Параглајдеристи летаат над Охридско и Преспанско езеро. Комити и Турци во староградски носии шетаа низ Крушево. Во Крушево барабанџијата го врати времето во 1903 и крушевчани кренаа туристичко востание. Смоларскиот водопад на планината Беласица е единствен постојан водопад во Македонија со пад од речиси 40 метри. Битолска невладина организација сака да развива манастирски туризам. Преспанско-пелагониската епархија ги поседува предусловите за тоа.Таа е една од најбогатите во државата со црковно-манастирски добра. Верските објекти се стари неколку века, изобилуваат со специфичен архитектонски стил на градба, фрески и икони. Сето ова ја прави Македонија погодна за алтернативен
Одбојка на плажа на Преспанско Езеро
туризам. Македонија има големи потенцијали за да развие повеќе видови на туризам на едно место, велат експертите. Може да привлече голем број туристи на езерски крајбрежја, градски и рурални средини, со природни убавини и архитектура. Постојат места што никогаш не биле допрени од човечка рака.. Хрватски параглајдеристи го прелетуваа Охридското и Преспанското небо од врвот на Галичица. Глетката од таа височина е прекрасна, велат хрватите кои дојдоа во сопствена режија.
„Храната, тоа е првата причина зошто дојдовме и прииродата е прекрасна. Охрид прв пат го гледаме. Вчера дојдовме од Риека, така што сеуште немаме видено многу


„Уживање, олеснување, трета димензија, потполно поинаку изгледа кога од небото ја гледаш земјата.“

„Супер изгледа, ветува многу.“

Велат Марко Вешиќ и Асмир Грачанин од Хрватска.
Странските туристи ја обожаваат недопрената природа и уживаат во екстремните споротови

„Храната, тоа е првата причина зошто дојдовме и прииродата е прекрасна. Охрид прв пат го гледаме. Вчера дојдовме од Риека, така што сеуште немаме видено многу. Има одлични услови за летање, а домаќините се љубезни.“

Параглајдеристи над Преспанското Езеро
Нивни домаќини се параглајдери од клубот SCS од Скопје кои ја делат истата љубов кон летањето.

„Галичица е убава планина за летање. Има и акробации што прават. При летањето се зависи од ветерот, ако е исток одиме на Крушево, ако е запад доаѓаме тука.“

„Езерово е исто така предизвик за нас. Планина, плажа.“

Велат Тони Николов и Мето Јонајчески.
Домашните туристи кои летниот одмор го поминуваат во Преспанскиот крај се жалат на основни работи.

„Осветлување на вечер по улиците, има потреба.“

„Прво на Преспа и недостасува, чистота по улиците. Кој туристи би сакал нечисто. Неможе да дојдат, кога ќе видат.. Прво немаме
Прво на Преспа и недостасува, чистота по улиците. Кој туристи би сакал нечисто. Неможе да дојдат, кога ќе видат.. Прво немаме патишта, да дојдеш тука со нова кола, ќе ја искршиш
патишта, да дојдеш тука со нова кола, ќе ја искршиш.“

„Најпрво мора да се подобри инфраструктурата, да се изградат патишта. За да дојдеш на самата плажа, ќе ја искршиш колата, а плажата е убава, но треба да се исчистат од треви.“

И покрај проблемите се воодушевени од убавините што им ги нуди Преспанскиот крај.

Парагјалдеристи се подготвуваат за скок на планината Галичица
„Преспа е преубава и помирна од Охрид, а најмногу сум тука поради алгите во езерото, кои се лековити.“

„Овде е супер, имаме вода, имаме струја. Планина, вистински одмор.“

„Има диви плажи, природа, никој не те заморува.“

За да се адаптираат плажите за туристи во Преспанскиот крај потребни се големи инвестиции, велат експертите. Неопходно е општините и жителите сами да вложат и да истражат како да го подобрат туризмот. Со анализа на потенцијалите за туризам можат да побараат помош од агенцијата за развој на туризмот. Пример за инвестирање е семејството Вучковиќ и само средувањето на плажата во селото Сливница ги чини повеќе од 200 илјади евра. Веќе неколку години работат на подобрување на условите на плажата:
Ми се допаѓа ентузијазмот на луѓето што живеат таму и желбата да развиваат туризам. Ми се допаѓа како е зачувана целата архитектура


„Комплетна инфраструктура, струја, вода. Патот сами го правевме, се самите работевме, не е од општина, или некакви донации.“

Вели менаџерот Саше Вучковиќ.

Сличен пример се и семејството Станковски, кои во алтернативниот туризам нашле начин за заработка. Долго време биле без работа, живееле под кирија решиле да се преселат во Љубојно, во старата семејна куќа.

„Куќата ни е од дедото, таткото на сопругата и си дојдовме тука. Имавме некој кризен период, со тоа што со текот на времето излезе оваа шанса и се одлучивме да почнеме со тоа. Куќата си е тука, сместувањето си е тука.“

Вели Славе Станковски.

Село Брајчино
Нудат сместување на туристи и традиционална македонска кујна. Куќата ја адаптирале за потребите на туристите, но го задржале автентичниот изглед на селото. Низ дворот им поминува Брајчинската река и имаат мал рибник. Омилени јадења на гостите им се зелник под вршник, питули и преспански цируни. Но, сеуште има малку туристи и тие што доаѓаат и да сакат да видат нешто, тешко се снаоѓаат, вели Станковски.

„Ни фали туристичка агенција и водич, па да се направи некој пропаганден материјал и државата малку да се ангажира инаку самостојно, тешко е.“

Самите села и Љубојно и Брајчино нудат идилична селска атмосфера, вели еден турист:

„Ми се допаѓа ентузијазмот на луѓето што живеат таму и желбата да развиваат туризам. Ми се допаѓа како е зачувана целата архитектура.“

Како посетители на селата се печалбарите кои секое лето се враќаат во својот крај. Секое село организира иселенички средби со многу народна музика и задолжително седење пред коперација:

„Многу си ја сакаме, ова ни е мајка. Животот е убав овдека, луѓето многу убаво живеат, релаксирано, слободен, безгрижен, не како во странство.“

„Љубојно, можеме да правиме што сакаме, во Америка неможеме.“

И тие имаат забелешки за туризмот во Македонија:

„Треба да има повеќе, па и женски, па кафе барови, да можеме да излеземе некаде. Само еден кафе бар има. Ресторани да има.“
Надлежните институции кои се занимаваат со вода, треба да направат анализа и да видиме што е проблемот и навистина да успееме да го ревитализираме Преспанското езеро. Значи, тука мора да застане државата


Најинтересни се чаршиските муабети што се вртат пред коперација.Тука можете да слушнете и за најозогласениот брајчински криминалец кој завршил во затвор со легендарниот сицилијански бос Ал Капоне:

„Еее сега можете да замислите од каков ранг бил нашиот Ал Капоне, кој што бил во затвор со Ал Капоне. Тоа е Стефан Џајков, правел фалсификати пари во Париз, имал многу гревови. Препродавал морфиум, оружје, бил макро.“

Вели жител на Брајчино.
Освен летен туризам овој крај може да понуди и зимски туризам.На Галичица сеуште има ски лифтови на кои им се потребни поправки вели Љупка Симоновска кој со години доаѓа во својата викендичка во Сирхан. Таа вели дека и мештаните не се заинтересирани за развој на ваков вид на туризам.

„Нема услови, ние до минатата година немавме вода. Сега така да речам имаме техничка вода, а куќите се сите прави за летни услови, немаат парно, нема никакво греење. Значи прво тие треба да вложат за да ги обезбедат за во зима, а второ никој не го чисти местото, а и во зима да се дојде, бидејќи патот не се чисти, луѓето ќе се заглават во местово.“

Село Љубојно, Преспа
Од Агенцијата за поддршка и развој на туризам велат дека неопходно е да се развие секој потенцијал за туризам, но прво е потребно да се изработи стратегија за привлекување на стански инвеститори во Македонија.

Вели претседателот на агенцијата Зоран Стрезовски.

Од другата страна на езерото во близина на Отешево една невладина организација се обидува да развие и рибен туризам, но имаат многу проблеми. Еден од најголемите проблеми на Преспанското езеро е повлекувањето на водата.

„Се повлекува поради три причини. Првата е долготрајната суша, немање на доволно врнежи за да ги надохнади останатите две причини, а тие се истекувањето на водата во Охридското езеро и во подземните води и исто така користењето на вода за наводнување.“

вели претседателот на здружение на граѓани од ресен Љупчо Крстевски.

Преспанското Езеро изгуби вода колку за девет Дојрански езера во последниве триесет години.Стрезовски вели дека е неопходно да се спречи натамошното повлекувањее на езерото но мора да се вклучат и Албанија и Грција затоа што со нив го делиме езерото.

„Надлежните институции кои се занимаваат со вода, треба да направат анализа и да видиме што е проблемот и навистина да успееме да го ревитализираме Преспанското езеро. Значи, тука мора да застане државата.“

Во оваа околија веќе три години се чека на потругалската инвестиција на Аква пура. И тие имаа проблеми во реализацијата. Аква Пура е една од најголемите корпорација за елитен туризам. Преспанското езеро требаше да биде седма точка на картата на светскиот елитен туризам со комплекси на вили, спа центри и хотели кои се вклопуваат во природниот изглед на местото. Но, оваа компанија има многу проблеми започнувањето на овој проект. Најголема пречка е бавноста на јавната администрација.

„Имав можност да работам со повеќе влади и од левиот и од десниот блок и можам да ви кажам дека тие ситуации се многу слични, дека бавноста на администрацијата е поврзана со некакви политички предубедувања. Дали бил тој градоначалник, или била таа министерка, дали бил тој проект на овој министер, градоначалник итн.“

Вели македонскиот претставник на Аква Пура Јордан Плевнеш.

Виножито во преспанскиот регион
Во проектот на аква пура досега се инвестирани околу 10 милиони евра. Како нивен простор оградена е плажата со должина од 5
Љубојно, можеме да правиме што сакаме, во Америка неможеме
километри.Еден од најпознатите архитетски имиња во Европа, Мануел Ајрес Матеош. Според податоците од општината проектот е во финална фаза е урбанистичкиот план. Но, за Плевнеш ова се празни ветувања.

„Три документи недостасуваат, од кои едниот е ветен во Министерството за земјоделие пред седум месеци, а не е направен. Другиот е во Министерството за транспорт и врски и е ветен пред година и пол, а не е направен. Третиот е во Капетанија во Охрид, со кој треба да се утврди дека нема да биде загрозен водниот сообраќај, а во Преспа нема воден сообраќај, веќе 50 години.“

Од Агенцијата за подршка и развој на туризмот проблемот не го гледаат во администрацијата.

„Значи она што го имам како информација за Аква Пура, е дека документите не се толку проблем, колку што сега моментално е економската криза што ги зафати.“

вели Стрезовски.

Во јуни годинава бројот на туристите во земјава изнесувал повеќе од 50 илјади и е зголемен за речиси 3 проценти во однос на јуни минатата година. Бројот на домашните туристи во јуни е намален за 12 проценти во однос на лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување има и кај бројот на преноќевањата за 4 отсто. Во јуни годинава бројот на ноќевањата изнесувал130 илјади. Во првите шест месеци годинава зголемен е бројот на странски посетители за речиси 10 проценти. Само минатата година земјава ја посетиле околу 197 илјади странски туристи од преку 40 земји во светот. Најголемиот дел од туристите се од Србија и Црна Гора и од соседните земји.Македонските туристичките агенциите за домашните и странските туристи нудат престој во некој од хотелите во Охрид, Струга, Битола, Маврово, Дојран, Крушево и посета на културно историското наследство во земјата.Туризмот како феномен на денешнината, зазема се' позначајно место во економијата на секоја земја. Амбиција на секоја земја е, преку туризмот да привлече што поголем број странски туристи, кои ќе ги посетуваат и разгледуваат нејзините туристички и други убавини. Туристичкиот колач во светот е многу голем и секоја земја, мала или голема, се труди да освои што поголем дел од него. Секоја земја има своја туристичка понуда и преку неа во силната светска туристичка конкуренција.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG