Достапни линкови

logo-print

Македонија - Предлозите на Нимиц генерално позитивни


Македонскиот преговарач Зоран Јолевски иако начелно позитивно се изјаснил, на синоќешната средба со Нимиц во Њујорк му пренесол и сериозни забелешки за предложениот сет идеи, пред се за опсегот на употреба на името. Ова се наведува од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој денеска имаше средба со новинарите по повод 100 те дена од неговото претседателствување. Јолевски уште еднаш нагласил дека за Македонија е клучно да биде заштитен јазикот и национални идентитет. Од Кабинетот на Иванов велат дека се уште има место за многу модификации во однос на последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц, но не може да се прејудицира какви ќе бидат неговите конкретни чекори. Прашањето за името, како што велат, може да дојде до напредна фаза, но дали таа ќе биде финална, зависи од другата страна.
XS
SM
MD
LG