Достапни линкови

Караџиќ - Странците се виновни за војната во Босна


Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ кому пред Хашкиот Трибунал му се суди за геноцид во војната во Босна и Херцеговина тврди дека војната ја наметнале западните сили кои своите стратегиски интереси ги ставиле над редот и мирот меѓу етничките групи на Балканот. Тој во пишано интервју за лондонски Фајнешал тајмс од притворската единица во Хаг вели дека распадот на државите не беше во интерес на жителите на Југославија туку во интерес на извесни западни моќници и оти лидерите на босанските муслимани извршувале договор постигнат меѓу официјални лица од Европската Унија непосредно пред почнувањето на судирите - државата да се подели на три национални единици.
XS
SM
MD
LG