Достапни линкови

Нимиц ги доби одговорите, што е следно?


Медијаторот, Метју Нимиц
Медијаторот, Метју Нимиц

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц ги доби одговорите од македонска и грчка страна за неговиот последен пакет идеи за решавање на проблемот. Грчката страна оцени дека преговорите се во критична фаза, додека за македонската страна дијалогот може да продолжи. Кои ќе бидат следните чекори?

Македонскиот преговарачот за спорот за името со Грција, Зоран Јолевски, вчеравечер во Њујорк, му го пренесе ставот на македонската страна за последните идеи на медијаторот Метју Нимиц. Јолевски по средбата изјави дека ставовите биле така презентирани што ќе се овозможи дијалогот да продолжи. Два дена претходно Нимиц го доби и ставот на грчката страна. Нивниот преговарач Адемантиос Василакис оцени дека преговорите се во критична фаза. Тој очекува и македонската страна да биде конструктивна за да се најде заемно прифатливо решение. Преговарачот Јолевски по средбата изјави дека очекува медијаторот да го информира за неговите планови за следните чекори во разговорите за разликите околу името. Од македонските институции пак велат дека чекаат Јолевски да ги информира што е следното. И македонските политичари и аналитичари оценуваат дека процесот е во критична фаза и очекуваат државниот врв поконструктивно да му пријде на проблемот. Од опозицијата велат дека Владата прави премалку со оглед на тоа што сите важни прашања за Македонија зависат од решението на спорот за името:
Значи неможеме да гледаме на целава ситуација како на некој процес кој што ете трае и ќе трае некое време, туку мораме најсериозно да се свртиме внатре кон себе, да видиме што е тоа што го иритира соседот во нашето поведение и да се изгради некаков заеднички настап, кој што претпоставува многу сериозни внатрешни поместувања


„Оваа влада бара алиби. Грчката влада можеби го има тоа право, а нашата го нема, заради тоа што за нас се застанати сите процеси. Прашањето треба да го реши Владата и претседателот на државата, на потег е премиерот Груевски.“

вели потпреседателот на СДСМ, Зоран Заев. Пратеникот Стојан Андов вели дека процесот го следи преку изјавите на Нимиц и на високи американски функционери.

„Гледам една сериозност и објективност и мислам дека нивните оценки се точни, дека добро се одвиваат работите и дека овој пат можеме да очекуваме решение.“

Професорот Денко Малевски вели дека целокупната јавност вклучувајќи ја и политичката треба да знае дека по Букурешт и по фијаското со невлегувањето во НАТО, Македонија е влезена во нова фаза во односите со Грција. Оттогаш услов за челенство и во НАТО и во ЕУ е решавањето на спорот со името.

„Се бараат поинакви поведенија. Значи неможеме да гледаме на целава ситуација како на некој процес кој што ете трае и ќе трае некое време, туку мораме најсериозно да се свртиме внатре кон себе, да видиме што е тоа што го иритира соседот во нашето поведение и да се изгради некаков заеднички настап, кој што претпоставува многу сериозни внатрешни поместувања.“

За успешно решавање на спорот, Македонија треба да ја напушти политиката на антиквизација, и различното гледање на историјата, но тоа е многу тешко да се направи во краток рок, вели професорот Малевски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG