Достапни линкови

За „името“ од грчки извори


Медијаторот Метју Нимиц размислува за нов модифициран пакет-идеи во кој би биле вклучени и дел од забелешките што му ги презентираа неделава во Њујорк претставниците на Грција и на Македонија во разговорите за името, Адемантиос Василакис и Зоран Јолевски, објавуваат денеска грчките медиуми.Модифицираниот пакет главно би се базирал на идеите што Нимиц им ги претстави на двете страни за време на јулската посета на Атина и на Скопје. Претставник на Обединетите Нации истакнал дека Нимиц планира да преземе брзи чекори за да ги забрза разговорите и да се дојде до решение. „Етнос“ пишува дека основа и на новиот модифициран пакет-идеи на Нимиц ќе биде името „Република Северна Македонија“, со тоа што треба да се прецизира неговата употреба. Весникот, повикувајќи се на извор во ОН, наведува дека за Атина е прифатливо името „Република Северна Македонија“, но под услов да биде за севкупна употреба. Скопје од своја страна категорично не го отфрла, но поставува свои услови кои засега за Грција се неприфатливи, додава „Етнос“.
XS
SM
MD
LG