Достапни линкови

Институциите сеуште „затворени“ за јавноста


Искуството на новинарите говори дека македонските институции сеуште не се отворени за информации за јавноста. Експертите причината ја гледаат во неподготвеноста и несигурноста на лидерите на самите институции во начинот на работа, кои поради тоа одбираат да молчат.

„Корисникот кој што го барате го исклучил својот телефон.“

Ова често се слуша од другата стана на телефонската слушалка кога барате претставници на институции. Новинарите кои ја известувааат јавноста за работа на институциите не можат да добијат секогаш информација.Често наидуваат на проблеми заради нетраспарентноста на институциите. Новинарката Сашка Цветковска од А1 телевизија скоро една недела бараше каде и како се чува
Се случувало со денови да чекам информации, а сум сигурна дека немало потреба толку да се чека, имало и случаи кога никогаш не сме добиле одговор за некое прашање, обично за најчувствителната тема, а тоа се парите
Рамковниот договор.

„Целата таа потрага за тоа каде стои Рамковниот Договор, се сведе на ,,рекла казала“ муабет. Сите викаа јас мислам дека е кај овој, јас мислам дека е кај оној. Од СДСМ велеа, ,,нас не ни го ни дадоа, од ВМРО ДПМНЕ велеа, нашиот Љупчо го зеде... ,,Смејурија.“

Вели Цветковска.
Новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство велат дека сега институциите се поотворени од порано, но не и транспарентни и брзи.

„Се случувало со денови да чекам информации, а сум сигурна дека немало потреба толку да се чека, имало и случаи кога никогаш не сме добиле одговор за некое прашање, обично за најчувствителната тема, а тоа се парите.“

Вели Новинарката од Канал 5 Маја Јовановска.
Експертите сметаат дека лидерите во самите институции не се сигурни во своите одлуки и ефектите од нив. Министрите или директорите на некои институции, затоа одлучуваат да не комуницираат со медиумите и да не изнесуваат свои ставови за актуелни прашања велат експертите.

„Институциите кои работат посебно работат на сметка на буџетот, на сметка на народните пари, сите потребни информации треба да ги даваат на јавноста. Инаку тој менталитет е средновековен, и тие обично веруваат дека кога јавноста незнае ништо и не се случило.“

вели професорот Живко Андревски.
Проблемот за добивање информации, поранешниот потпарол на министерството за економија Гоце Пачемски го гледа во носителите на главните функции. Транспарентност значи институциите да одговорат на она што ги интересира граѓаните, гласачите, компаниите
Институциите кои работат посебно работат на сметка на буџетот, на сметка на народните пари, сите потребни информации треба да ги даваат на јавноста
медиумите, а не значи број на испратени соопштенија во една недела, вели Пачемски.

„Не она што само сакате вие да го искомуницирате и тоа да го правите безобразно многу и безобразно често, значи станувате досаден со тоа. Значи на прашањето, зошто се зголемува невработеноста? Неможе да испратите соопштение во кое велите, не е точно тоа, а да не одговорите на основното прашање.“


Искуството на новинарите кои известуваат за случувањата во Европската Унија е поинакво.Секој ден во 12 часот попладне потпаролите во Брисел одговараат на сите новинарски прашања.

„Одговораат на буквално сите прашања на новинарите, достапност на информациите, достапност на документите. Доколку во моментот не се подготвени да дадат соодветна информација, се разбира портпаролите ги известуваат во текот на денот.“

Вели Биљана Секуловска долгогодишен известувач од Брисел.
Неопходно е доследност на законски норми, европска практика и отварање на институциите за јавноста. Кога јавноста би имала увид во работата на институциите, резултатите кои ги постигнуваат полесно ќе функционира целото општество, вели професорот Андревски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG