Достапни линкови

Пречекот на Ал Мегхри во Либија длабоко вознемирува.


Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд државното добредојде на Либија на бомбардерот од Локерби го нарече „длабоко вознемирувачко“. Според Милибанд, ослободувањето на Абдел Басет ал Мегхри нема за цел подобрување на британско – либиските односи со оглед на интересите на британските нафтени компании во Либија. Овој коментар доаѓа откако Ал Мегхри, доживотно осуден за урнување на авионот на Пан Ам над Шкотското градче Локерби беше ослободен од сомилост поради болест од рак. Ослободување на човекот одговорен за смрта на 270 лица, претежно американци, предзвика лути реакции пред се во Соединетите Држави. Тој во Либија беше пречекан од синот на Претседателот Моамер ел Гадафи, Сеиф ал Ислам.
XS
SM
MD
LG