Достапни линкови

Навивачи на Црвена Звезда и натаму протестираат во Прага


Дел од навијачите на Црвена Звезда одбиваат да го напуштат стадионот на Славија во Прага се додека членовите на навивачката група „Делии“ не бидат пуштени од затвор. Вчера 150 српски навивачи беа приведени, 60 затворени а 17 обвинети за разни кривични дела. Навивачите вчера се судрија со полицијата во центарот на Прага Вацлавске Намјести. Полицијата употреби и солзавец, а настанот доби големо медиумско внимание. Инаку, белградска Црвена Звезда изгуби со 3 спрема 0 од прашка Славија во рамките на квалификациите за европската лига.
XS
SM
MD
LG