Достапни линкови

На светот му треба нов трговски модел


Оливие Бланшар, ММФ
Оливие Бланшар, ММФ

Светот почна да заздравува од рецесијата, но тој процес нема да биде едноставен, соопшти Меѓународниот монетарен фонд, наведувајќи дека за тоа ќе биде потребно Соединетите држави да се рефокусираат кон извоз, а Азија кон увоз на производи.

Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливие Бланшар во студијата наведува дека постојат два главни елемента за да се постигне одржлив економски развој. Најпрвин, економиите мора да се одлепат од нивната зависност од фискални стимулации од националните влади. Вториот елемент е ребалансирање на меѓународните трговски модели. Односно: Соединетите држави ќе мора повеќе да извезуваат, а Азија повеќе да увезува. Тоа, како што се наведува во студијата, нема да оди лесно со оглед на востановените врски и потрошувачки навики. Седумдесет насто од американскиот бруто домашен производ отпаѓа на потрошувачката, но по
Соединетите држави трошеа премногу, а кинезите, и не само тие, туку и јапонците и германците премалку. Ако сакате побрзо економско заздравување тогаш е неопходна трговска рамнотежа...
големите загуби на берзите на недвижности сега американците не се волни да купуваат како порано. Поради падот на американската потрошувачка, добро би било Кина и другите азиски земји да почнат да трошат повеќе. Но, останува отворено прашањето дали до тоа и навистина ќе дојде. Бланшар забележува дека сите поголеми економии во Азија заедно имаат за половина помал бруто домашен производ од оној на Соединетите држави. Робер Вард, експерт за Азија во Икономист Интелиџенс Јунит смета дека Кина треба да одигра важна улога во обновата на рамнотежата на светската трговија.

,,Една од загрижувачките работи на падот во 2007 беше глобалната нерамнотежа. Соединетите држави трошеа премногу, а кинезите, и не само тие, туку и јапонците и германците премалку. Ако сакате побрзо економско заздравување тогаш е неопходна трговска рамнотежа.,,

Вели Вард. Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд се оценува и тоа дека финансиските ситеми на азиските земји со напредни економии се нездрави и оти тие би можело во наредниве неколку години да не добиваат странски капитал на ниво, какво што беше пред кризата. Со оваа се согласува и Роберт Вард.

,,И додека пред 2007 година, овие пазари беа посматрани како добри, мислам дека инвеститорите сега ќе бидат подискриминирачки, па така некои земји нема да ги добијат посакуваните пари.,,

Во студијата главниот економист на ММФ Оливие Бланшар се додава дека очекуваниот пораст на светската економија нема да биде доволен и за брзо намалување на невработеноста. Според него, стапката на невработеност ќе го достигне врвот во текот на идната година. Бланшар изразува и загриженост дека бавното економско заздравување би можело да доведе до политички притисоци во Соединетите држави за да се продолжат финансиските субвенции што пак би значело хаотично опаѓање на вредноста на доларот, а со тоа и губење на можностите за економско заздравување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG