Достапни линкови

Авганистан: Двајцата главни претседателски кандидат прогласија победа


Тимовите на двајцата главни фаворити на Претседателските избори во Авганистан соопштија дека добиле мнозинство од гласовите на вчерашните избори. Шефот на тимот на Актуелниот Претседател Хамид Карзаи Деен Мохамад изјави дека Карзаи добил мнозинство од гласовите и дека нема да има втор круг. Портпаролот на кандидатот Абдула Абдула пак соопшти дека бившиот министер за надворешни работи добил 63 насто наспроти 31 процент кои гласале за Карзаи. Овие податоци не можат независно да бидат потврдени. Прелиминарните резултати се очекуваат по две недели.
XS
SM
MD
LG