Достапни линкови

Македонија му одговори на Нимиц


Македонскиот претставник во разговорите за спорот со името, амбасадорот Зоран Јолевски, синоќа во Њујорк на посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц му го пренесе ставот на Македонија за неговиот модифициран сет идеи што го претстави за време на јулската посета на Скопје и Атина.Македонија, според Јолески, е посветена активно да учествува во разговорите за името и очекуваме заемно прифатливото решение, кое треба да го зачува идентитетот, дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани и да се базира врз евроатлантските вредности и принципи на демократијата.Јолевски очекува медијаторот да го информира за неговите планови за следните чекори во разговорите за разликите околу името. Нимиц пред два дена ги доби и забелешките на Грција за неговиот пакет идеи за решавање на спорот за името.Грчкиот преговарач Адемантиос Василакис синоќа ги демантира медиумските информации дека Атина го одбила пакетот идеи на Нимиц.
XS
SM
MD
LG