Достапни линкови

logo-print

Најмалку 45 жртви на изборите во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи им се заблагодари на Авганистанците, зашто и покрај заканите од Талибанците, излегоа да гласаат.
Властите оценија дека гласањето поминало мирно, но дека е рано за резултатите.
Авганистанските власти соопштија дека најмалку 23 луѓе загинале во напади на бунтовниците ширум земјата. Деветмина од загинатите се цивили, девет се полицајци и пет се војници.
Во судирите со полицијата во северниот град Баглен загинаа 22 бунтовници.
Карзаи е фаворит на изборите. Главни противкандидати му се поранешните министри за финансии и за надворешни работи, Ашраф Гани и Абдула Абдула.
За избор во првиот круг, кандидатите треба да освојат најмалку половина од гласовите. Вториот круг е во октомври.
XS
SM
MD
LG