Достапни линкови

Ахмадинеџад не се плаши од санкции


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вели дека не се плаши од економски санкции кои, поради контроверзната нуклеарна програма на Иран, би можеле да ги воведат западните земји.
Вашингтон му даде рок на Техеран, до септември да ги почне разговорите за нуклеарната програма. Во спротивно, се закани со проширување на санкциите.
По јунските изботи, Ахмадинеџад рече дека Иран ги прекунува разговорите за нуклераната програма, со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија. Тој вели дека ќе разговара само со Меѓународната агенција за атомска енергија.
XS
SM
MD
LG