Достапни линкови

Кина го протерува семејството на ујгурскиот лидер?


Роднините на прогонетиот Ујгурски лидер Ребија Кадир соопштуваат дека кинеските власти им наредиле да ги напуштат своите домови во главниот град на немирната провинција Ксинџијанг, Урумачи.
Семејството, кое брои триесетина членови, тврди дека Пекинг планира да ги сруши нивните куќи, како и двата трговски центри, кои порано беа дел од успешниот бизнис на Кадир, во градот.
Нема потврда на оваа информација која ја пласираше Ујгурско-американската асоцијација што ја води Кадир.
Кинеските власти го обвинуваат Кадир, дека стои зад минатомесечните немири меѓу Ујгурите и Хан-Кинезите во Урумачи. На тие протести, загинаа околу 200 луѓе, а 1600 беа повредени. Кадир ги негира обвинувањата.
XS
SM
MD
LG