Достапни линкови

Преговарачот Јолевски на средба со Нимиц


Медијаторот, Метју Нимиц
Медијаторот, Метју Нимиц

Македонскиот преговарач Зоран Јолевски на денешната средба со медијаторот Метју Нимиц треба да му го пренесе одговорот на македонската страна околу последниот предлог идеи на медијаторот за решавање на спорот со името со Грција.

Македонскиот преговарач во спорот за името, Зоран Јолевски денеска треба да се сретне со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц. На средбата се очекува Јолевски да му ги пренесе ставовите и одговорите на македонската страна за последниот сет предлози на Нимиц за наоѓање на компромисно решение за спор меѓу Македонија и Грција. Од институциите не го коментираат ставот на Грција, ниту кажуваат каков став ќе заземе Македонија. Медијаторот Нимиц завчера се сретна со грчкиот посредник Адамандиос Василакис. Грчките медиуми првин пренесоа дека одговорот на Грција по последниот предлог бил негативен.
Грците сакаат да одолговлекуваат, не сакаат да прифатат, бидејќи ќе доживеат катастрофа на изборите, и се ова го развлекуваат процесот, покажувајќи цврст став, но тоа нема да им помогне, мислам дека и без тоа ќе ги изгубат изборите
Но, преговарачот Василакис, во изјава за грчката државна агенција АНА-МПА, синоќа ги демантира информации дека Атина го одбила пакетот идеи на Нимиц, велејќи дека таквите тврдења не одговараат на вистината. Грчкиот преговарач оцени дека преговорите се наоѓаат во критична фаза, и порача и двете страни, на проблемот да му пристапат конструктивно за да се постигне прифатливо решение, без победници и поразени. Се наоѓаме во критична фаза од преговарачкиот процес. Македонските аналитичари велат дека на повидок е ново одолговлекување на преговорите. Професорот Лазар Лазаров вели дека Грција ги одолговлекува преговирите затоа што се пред избори.

„Грците сакаат да одолговлекуваат, не сакаат да прифатат, бидејќи ќе доживеат катастрофа на изборите, и се ова го развлекуваат процесот, покажувајќи цврст став, но тоа нема да им помогне, мислам дека и без тоа ќе ги изгубат изборите.“

Професорот Лазаров се надева дека докрајот на годинава,под меѓународен притисок двете страни да најдат компромисно решение. Сега е моментот кога македонските дипломати пред маѓународната јавност треба да докажат дека Македонија е подготвена да го реши
Значи, нашата Влада, нашата дипломатија, треба да градат еден меѓународен кредибилитет дека знаат да водат преговори
спорот.

„Тука е целиот проблем, ние не треба да оставиме впечаток дека не сакаме. Значи, нашата Влада, нашата дипломатија, нашите преставници на преговарачкиот тим, треба да бидат со зрел, државнички однос и да градат еден меѓународен кредибилитет дека знаат да водат преговори.“

Вели професорот Назми Малиќи. Премиерот Никола Груевски изјави дека разговорите за името се континуиран процес, во кој Македонија учествува дава придонес и се надева дека ќе се најдат сили и начини да се дојде до некакво решение, рече Груевски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG