Достапни линкови

СДСМ ќе формира Влада во сенка


Од опозиционата СДСМ најавуваат нов начин на дејствување преку формирање на Влада во сенка која ќе има свои министри што ќе го набљудуваат и критикуваат работењето на легалната Влада. Експертите велат дека идејата е добра, но СДСМ прво треба да ја објави програмата.

Влада во сенка, нова програма, трибини, јавни настапи- ќе бидат дел од новиот начин на дејствување на опозициската партија, СДСМ. За прв пат во Македнија ќе се формира Влада во сенка која ќе има свои министри што детално ќе го набљудуваат работењето на владините министерите. Од СДСМ велат дека со ваквиот начин на работа ќе понудат конкретни решенија на определени проблеми. Со ова луѓето ќе можат да споредат чие решение е подобро дали на власта или на опозицијата.

„Наша намера е, имаме сега прецизни решенија кои граѓаните ќе можат да ги препознаат, за луѓето да можат да сватат дека ние нема да
Наша намера е, имаме сега прецизни решенија кои граѓаните ќе можат да ги препознаат, за луѓето да можат да сватат дека ние нема да им продаваме ,,магла“ туку нудиме конкретни решенија, со конкретни луѓе
им продаваме ,,магла“ туку нудиме конкретни решенија, со конкретни луѓе. Тоа е идејата и таа идеа во некој следен период, многу скоро ќе ја промовираме.“

вели Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.
Пратеничката Флора Кадриу од Нова Демократија смета дека со Влада во сенка опозицијата би била погласна во критикувањето на работата на легитимната Влада.

„Не сметам дека има некое огромно влијание, но како институција да. За да критикува, да сублимира, да дава свои ставови, свое мислење.“

Вели пратеничката Кадриу.
Аналитичарот Владимир Мисев вели дека идеата за Влада во сенка е одлична. Но, прерано е СДСМ да направи нешто такво затоа што сеуште не е промовиран кадарот кој би ја исполнувал таа програма што сеуште не и е позната на јавноста. Ваквите решенија треба да следат по објавувањето на програмата.
Сметам дека за да застапуваат едно такво место, за да бидете позиционирани во сенка за одредено прашање, мора да бидете искусен и тимот да ви верува


„Меѓутоа незнам колку се тестирани, колку се тие луѓе како решение избрани во овој момент, затоа што реконструкцијата на СДСМ се случи пред само неколку месеци. Сметам дека за да застапуваат едно такво место, за да бидете позиционирани во сенка за одредено прашање, мора да бидете искусен и тимот да ви верува.“

Вели аналитичарот Мисев. Експертите сметаат дека би требало во ваква Влада во сенка да се вклучат и албанските опозициски партии. За аналитичарот Мисев, ДПА нема кредибилитет да се приклучи затоа што излезе од Собранието. Може да се зборува за Нова демократија, но таа сеуште доволно кадар за да се нафати на таков чекор, вели Мисев. Но тој не очекува никакво приклонување на албанската опозиоција кон СДСМ затоа што тие сеуште очекуваат да стана дел од власта. Ваквиот на начин на работа на опозицијата веќе функционира во Британскиот Парламент.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG