Достапни линкови

logo-print

Македонија денеска ке му одговори на Нимиц


По завчерашниот одговор од Грција, денеска и Македонија ќе му ги достави на посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц своите ставови за неговиот модифициран сет-идеи за решавање на спорот за името што го претстави за време на јулската посета на Скопје и на Атина. Македонскиот одговор вечер на медијаторот во Њујорк ќе му го пренесе амбасадорот Зоран Јолевски. Во меѓувреме, грчкиот преговарач Адемантиос Василакис синоќа ги демантира медиумските информации дека Атина го одбила пакетот идеи на Нимиц. Таквите тврдења не одговараат на вистината. Се наоѓаме во критична фаза од преговарачкиот процес. Треба сите одговорно да се однесуваат кон него. Грција учествува конструктивно во разговорите за името со предлози, сугестии и забелешки. Очекуваме тоа да го направи и другата страна, за да стигнеме до заемно прифатливо решение без победници и поразени, изјави Василакис за агенцијата АНА-МПА.
XS
SM
MD
LG