Достапни линкови

Боно ќе останел без босански пасош


Босанската влада би можела да му го одземе почесното државјанство и пасош на пејачот на групата У2 Боно, пишува „Дејли Телеграф". Пред десетина години Боно во Сараево доби државјанство и пасош на почесна основа, како благодарност за поддршката што славниот пејач и ја даваше на Босна во текот војните на тлото на поранешна СФРЈ, јавува МИА од Лондон. Сараевските власти сега се подготвувале да ја преиспитаат целата одлука откако пејачот ја критикувал владата на Босна и Херцегобина за време на својот концерт во Загреб.
XS
SM
MD
LG