Достапни линкови

Ирак - Преглед на безбедноста


Ирачкиот премиер Нури Ал Малиќи нареди преглед на безбедносните мерки по вчерашните напади во Багдад во кои загинаа најмалку 95 а беа ранети над 500 лица. Станува збор за најсмртоносни напади во Ирак во изминативе 18 месеци, кои следат по јунското повлекување на американските трупи од ирачките градови. Премиерот Малиќи за нападите ја обвини Ал Каида и приврзаниците на егзекутираниот поранешен лидер Садам Хусеин. Американскиот Потпретседател Џо Бајден му телефонираше на Малиќи за да ја изрази американската подршка и солидарност. Соединетите Држави планираат да продолжат со повлекувањето на трупите во следниве две години.
XS
SM
MD
LG